
Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити со победи ја затворија натпреварувачката година, „Редси“ во средбата од 20-то коло го победија Вулверхемптон со 1:0, а „Граѓаните“, исто така, потешко од очекуваното го победија Шефилд со 2:0.
Фудалерите на Ливерпул направија уште еден чекор кон доближување на титулата во англското првенство победувајќи го Вулверхемтон со 1:0 и сега имаат 13 бодови предност пред Лестер и 14 пред Манчестер Сити.
Но „Редсите“ тешко дојдоа до победата, а решавачкиот погодок го постигна Садио Мане во 42 минута на асистенција на Адам Лалана, Ова беше првата првенствена асистанција на Лалана по две години и 363 дена.
Гостите во последниот момент од првото полувреме израмнија со голот на Педро Нето, но погодокот е поништен по прегледето на ВАР-от бидејќи Џони Кастро на почетокот од акцијата беше во минимален офсајд. Вулверхемптон остана на седмото место на табелата со 30 бодови.
ВАР-от пресуди и на „Итихад“ каде Сити со 2:0 го победи Шефилд Јунајтед. Меѓутоа, при резулатот 0:0 гостите постигнаа погодок, но судијата Крис Каванх со помош на технологијата гои поништи голот на Лис Мусет, кој минимално беше во офсајд.
Домаќините поведоа во 52 минута преку Серхио Агуеро, а победа на домашните им ја донесе Кевин де Брујне во 82 минута. Шефилд Јунајтед така стана 32-от клуб кому аргентинскиот напаѓач му дал гол во Премиер лигата, а еднисвен тим кому Агуеро не му ја затресол мрежата е Болтон. Во последните минути од средбата Били Шарп ја затресе стативата и не успеа да го ублажи поразот на гостите. Ова е прв гостински пораз за Шефилд сезонава во десетте настапи, поради што е на високото осмо место на табелата со 29 бодови.
Пеп Гвардиола ја забележа јубилејната стота победа во Премиер лигата. Воедно тој најбрзо стаса до „стотката“ од сите тренери и за тоа му беа потребни 134 натпревари, осум помалку од досегашниот рекордер Жозе Мурињо.