Багдад се закани со преиспитување на односите со САД, Русија ги критикува нападите во Ирак

Ирачката влада во понеделникот вечерта порача дека ќе мора да ги „преиспита односите“ со САД по воздушните напади од неделата во кои беа убиени 25 припадници на ирачката паравоена милиција на шиитската заедница која е мнозинска во Ирак.

„Американските сили дејствувале водејќи се од своите политички приоритети, а не од приоритетите на Ирачаните“, предупреди ирачката влада во оставка која одржа состанок на Советот за безбедност во потесен состав.

И ирачкиот претседател Бархам Салих ги осуди американските напади врз групацијата Катаиб Хезболах, која е во составот на ирачките доброволечки Сили на народната мобилизацијата (PMU), коалиција која се бори против сунитските џихадисти од Исламската држава. Претседателот притоа истакнал дека нападите се „неприфатливи и штетни“ за земјата, додавајќи дека се спротивни на договорот за безбедност постигнат меѓу Багдад и Вашингтон.

Неделните напади ги разгенвија Ирачаните и засега во втор план го ставија народниот бунт против лошите економски политики и корупцијата кои траат четири месеци и кои резултираа со оставка на владата во Багдад.

Русија оцени во понеделникот, исто така, дека се „неприфатливи“ ракетирањата на воените бази во Ирак и во Сирија. „Руското министерство за надворешни работи смета дека воздушните удари меѓу (Бригадата) Хезболах и САД во Ирак и во Сирија се неприфатливи и контрапродктивни“ се наведува во писмената изјава на руската дипломатија.

Москва, покрај тоа, ги повикува „сите страни да се воздржат од преземање други мерки кои би можеле остро да ја дестабилизираат воеанта и политичка ситуација во Ирак, во Сирија и во соседните земји“.

Оваа изјава дојде откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот во Москва се сретна со иранскиот колега Мохамед Џавад Зарив,

Вашингтон тврди дека во неделата вечерта ја ракетирал базата на Катаиб Хезболах, за која тврди дека е проиранска групација во составот на коалицијата и оти е поврзана со разузнавачката служба „Ал Кудс“ на иранската Револуционерна гарда. САД уверуват дека нападите изведени со беспилотни летала биле со цел да се запрат ракетирањата на ирачките бази во кои се сместени американски војцни и нападите врз американските дипломати, кои во последните два месеца ги имало 11, во кои загина најмалку еден американски војник.