
Гордана Димитриеска Кочоска e предлог на ВМРО-ДПМНЕ за заменик министер за финансии во техничката влада.
Вели дека и’ претставува чест, но и огромна одговорност во едни вакви тешки времиња за Македонија, пред се за граѓаните, за македонската економија и бизнис да се влијае на макроекономските текови.
„Економијата има сериозни проблеми со задолженоста, со ликвидноста, реализацијата на капитлните инвестии, но јас верувам дека со посветеност, стручност и професионален пристап, како и преку мобилизирање на научната и стручната фела и преку уважување на барањата од реалниот бизнис сектор може да се влијае на промени кои ќе донесат стабилизација и поголема сигурност, вели Димитриеска Кочоска.
Таа смета дека потребно е да се прикаже нов начин на работа, каде што ќе се даде предност на квалитетот.
„Никогаш во животот не сум бегала од предизвици и верувам дека со моето минато искуство од приватниот и државниот сектор можам да придонесам многу повеќе кон она што претставува наша заедничка цел. Да оставиме да се официјализира предлогот и нормално веднаш потоа да се започне со работа“, вели Димитриеска Кочоска.