Мејведер пред Роналдо и Леброн, Меси четврти

Американскиот боксер Флојд Мејведер најмногу заработил во изминатата деценија од сите спортисти во светот, пишуваат британските медиуми, кои наведуваат дека поранешниот светски првак во изминатите 10 години заработил 780 милиони евра.

„Мани“, како што е неговиот прекар, својот последен меч во боксерската кариера го имаше во 2017 година кога во Лас Вегас со прекин го совлада ММА мега ѕвездата Конор Мекгрегор. Тоа беше негова 50-та победа во исто толку дуели. Потоа имаше многу шпекулации за можно враќање во рингот, но досега немаше ниеден професионален меч.

Поранешниот светски боксерски првак вкупно во кариерата заработил повеќе од милијарди евра, а само ушет двајца спортисти влегуваат во клубот на милијардерите: легендарниот копшаркар Мајкл Џордан и голферот Тајгер Вудс.

Второто место на листата на заработките во втората деценија од 21-от век го зазема португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо со 640 милиони евра. Интересно е што Роналдо на почетокот од деценијата беше само 13-ти спортист во светот според годишните приходи.

Зад Мејведер и Роналдо е НБА ѕвездата Леброн Џејмс со 606 милиони евра. Џејмс е единствениот спортист покрај тенисерот Рожер Федерер кој во секоја од десетте години од последната деката бил меѓу 10-те најплатени спортисти во светот.

Првата петорка ја заокружуваат аргентинскиот фудбалски велемајстр Лионел Меси со заработка од 605 милиони евра, и еден од најдобрите тенисери во светот Швајцарецот Рожер Федерер со 572 милиони евра заработени последните десет години.

НАЈГОЛЕМИТЕ 10 ЗАРАБОТКИ ИЗМИНАТАТА ДЕЦЕНИЈА ВО СПОРТОТ

1. Флојд Мејведер (САД – бокс) – 780 милиони евра
2. Кристијано Роналдо (Португалија – фудбал) – 640
3. Леброн Џејмс (САД – кошарка) – 607
4. Лионел Меси (Аргентина – фудбал) – 605
5. Рожер Федерер (Швајцарија – тенис) – 572
6. Тајгер Вудс (САД – голф) – 553
7. Фил Микелсон (САД – голф) – 428
8. Нејмар (Бразил – фудбал) – 357
9. Мани Пакијао (Филипини – бокс) – 350
10. Луис Хамилтон (Велика Британија – формула 1) – 342 …