
Исламската револуционерна гарда и антиамериканските сили во муслиманскиот свет ќе бараат одмазда за нападот врз лидерот на иранската елитна бригада Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани, изјави денеска портпаролот на Гардата, Рамазан Шарих.
– Исламската револуционерна гарда, мудрата иранската нација и отпорот во муслиманскиот свет ќе се одмаздат на пролеаната крв на овој маченик, истакна Шарих алудирајќи на Сулејмани.
Тој додаде дека „радоста на ционистите и на Американците брзо ќе премине во тага“.