
Стејт департментот воведе санкции кон кубанскиот секретар за одбрана за наводно кршење на човековите права и неговата поддршка на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Со санкциите му е забрането на министерот Леополд Синтра Фријас и неговите деца да влезат во САД.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека Вашингтон го ставил на црниот список Синтра Фријас, како и на неговата ќерка и син.
Тој потег е најнова акција на САД против Хавана околу нејзината поддршка за Мадуро.