Американските фудбалери поради безбедност го откажаа тренинг-кампот во Катар

Американската фудбалска репрезентација го откажа дваесетдневниот тренинг-камп кој требаше да се одржи во Катар од 5-ти до 25-ти јануари, поради безбедносната нестабилност на Блискиот исток, објави Американскиот фудбалски сојуз (US Soccer).

Причина за кризата е американското убиство на иранскиот генерал Касем Сулејмани во воздушен напад во Багдад, поради што најавена е одмазда.

„Поради новонастаната ситуација во регионот, одлучивме да го одложиме нашето патување во Катар. Заедно со катарскиот фудбалски сојуз работиме на тоа да најдеме можност во блиска иднина наштата екипа да ги испроба првокласните услови и гостољубивста на Катар“, објави американската асицијација.

Катар ќе биде домаќин на следното Светско првенство во 2022 година, а Американците се надеваат дека ќе се вратат на најголемата фудбалска свестка смотра откако го пропуштија мундијалот во Русија во 2018 година.

Американските квалификации за првенството во Катар започнуваат во септември годинава.