
Српската премиерка Ана Брнабиќ ја поддржа одлуката на претседателот Александар Вучиќ да ја откаже приватната посета на Црна Гора на Бадник во периодот кога растат тензиите меѓу Белград и Подгорица поради усвојувањето на законот за слобода на вероисповедта во црногорскиот парламент, што за Српската православна црква (СПЦ) има цел да бидат одземени нејзините имоти во Црна Гора.
„Извонредно важни пораки денска испрати претседателот. Владата на Србија стои зад секој негов збор“, напиша на Twitter Брнабиќ по прес-конференцијата на Вучиќ на која соопшти дека нема да ја посети Црна Гора на 6-ти јануари како приватно лице, кога имаше намера да присуствува на литургијата по повод Бадник.
Вучиќ претходно во саботата нарекувајќи ја „лажговска“ црногорската власт, на вонредна конференција за медиумите рече дека се откажал да патува на северот на Црна Гроа бидејќи не сака да му дава „повод на црногорскиот режим“ за обвинувања дека неговата посета е „удар на независноста на Црна Гора“. Најави дека српската држава „јавно дест пати повеќе од досега“ според светските стандарди ќе ги поддржува институциите на српскиот народ во Црна Гора, но нема да се меша во внатрешните работи на земјата.
„Ќе го чувам српското единство и во Црна Гора и насекаде каде што живеат Србите и нема да дозволам српскиот народ и Србија да бидат боксерска вреќа“, истакна Вучиќ.
„Огромно почитување за претседателот и поддршка за нашиот народ во Црна Гора и ширум регионот. И натаму ќе се бориме со вистината, со напорна работа, со резултатите и апелите на искрена соработка и уважување“, напиша Брнабиќ на Twitter по пораките н Вучиќ.
По повод протестите ширум Црна Гора реагираше и Светиот синод на СПЦ, со пораката дека има „потполно разбирање за оправданата вознемиреност на богобојажливиот правослевен народ во Црна Гора“.
Црногорскиот парламент кон крајот на годината во жолчна атмосфера и со отстранување на опозициските пратеници од пленарната сала донесе закон за кој СПЦ и опозицијата тврдат дека е паравен за да се заграбат црквите и манастрите на српската црква во Црна Гора.
Давајќи „целосна поддршка на мирниот христијански отпор кон неправдата којашто на Црквата и народот им ги нанесува изгласаниот антидеморкатски и дискриминиаторски Закон за слободата на вероисповедта“, Синодот на СПЦ истакнува дека споменатиот закон „поправилно би било да се нарече Закон против Правосланвата црква во Црна Гора“.
Со оцената дека досегашните собири и протести имале „исклучиво црковен карактер“, Синодот на СПЦ сугерира дека е „неопходно е и во иднина да се избегнуваат секакви политички и партиски злоупотреби“. Високото црковно тело на СПЦ смета дека спорниот закон кој е усвоен во Подгорица „без преседан ги продлабочува веќе постојните поделби и судири во црногорското друштво“.
Синодот на СПЦ во денешното соопштение апелираше до државните органи на Црна Гора да „бидат свесни за својата одговорност пред историјата и иднината“ и да го „преиспитаат својот став за верските права и слободи на своите граѓани и мнозинската Црква во Црна Гора“.