
При извршен претрес во домот и помошните простории на М.Б.(44) од Штип, по претходна судска наредба, вчера од 16.30 до 17.40 часот во Штип, од страна на полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9×19 милиметри, малокалибарска пушка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 милиметри, револвер „гранд“ калибар 22 милиметри, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми различен калибар, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго).
МВР денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од КЗ на РСМ, тој бил приведен во полициска станица, а пронајдените предмети се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.