ФА куп: Вила и Брајтон го платија одморот на првотимците, победи на Сити и Лестер

Екипита на Астон Вила и Брајтон, за кои опстанокот во Премиер лигата е приорите, го платија во саботата данокот на одморањето на првотимците, и беа елиминирани во третото коло од англискиот ФА куп.

Менаџерот на Астон Вила, Дин Смит, направи дури девет измени, а тоа го искористија играчите на второлигашто Фулам кои на домашен терен славеа со 2:1 со головите на Ентони Нокарт во 54 и Хери Артер во 74 минута, додека утешниот погодок за гостите го постигна Анвар ел-Гази во 63 минута.

Менаџерот на Брајтон, Греам Потер пак изостави седум првотимци, па второлигашто Шефилд Вендсдеј побнеди со голот од слободен удар на Адам Рич во 65 минута.

Најинтересен меч во саботната програма одиграа првилигашот Вотфорд и гостинот третолигашот Тренмере. Вотфорд, кој исто така води грчевита борба за опстанок во Премиер лигата, водепше до 3:0 по 34 минута со головите на Том Дејл-Башир во 12, Натаниел Чејлобах во 14 и Роберто Перејра во 34 минута. Но на крајот дуелот заврши без победник 3:3, па во повторениот меч Тренмере ќе биде домаќин. Стрелци за третолигашто беа Конор Џенингс во 65, Емануел Монте во 78 и Пол Малин од пенал во 87 минута.

Манчестер Сити лесно се пресмета со четвртолигашот Прт Вале, а беше 4:1. Погодоците за тимот Пеп Гвардиола ги постигнаа Александр Зинченко во 20, Кун Агуеро во 42, Рејлор Харвуд-Белс во 58 и Фил Доден во 76 минута.

Лестер со 2:0 го доби второлигашто Виган, а Вулверхемптон дома одигра без голови со Манчестер Јунајтед, па патникот во следното коло ќе се решава на „Олд Трафорд“.