НАТО ја прекина обуката на ирачките сили по убиството на Сулејмани, во Берлин се бара повлекување на војцните

Северноатлантската воена алијанса ја запрела својата мисија за обука на безбедносните сили на Ирак по американскиот атентат врз иранскиот генерал Касам Сулејмани во ирачката престолнина Багдад, изјавил за AFP вршителот на долноста портпарол на НАТО, Дилан Вајт.

„Мисијата на НАТО ќе продолжи, но тренажните активности засега се прекинати“, го цитира агенцијата Вајт.

Портпаролот на НАТО, исто така, рекол дека генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, „земајќи ги предвид неодамнешните настани“ имал телефонски разговор со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер.

Мисијата на НАТО во Ирак се состои во обука на безбедносните сили по барање на Багдад за спречување повторно зајакнување на радикалните сунитски групации, како Исламската држава и Ал Каеда.

Истовремено, поради влошената безбедносна ситуација и припадниците на германскиот Бундесвер на неодреден период ги запреле сите активности, а челниците на парламентарните партии бараа повлекување на германските војници од Ирак.

„Проектот за обуката на припаднциите на ирачката војска во Ербил (главниот град на автономниот регион на Курдите) и Таџи (крај ирачката престолнина Багдад) привремено е запрен“, соопшти германската армија во саботата претпладнето.

Истовремено се соопштува дека во овие бази се воведени „соодветени мерки за осигурување“, како мерки за прилагодување на новонастаната безбедносна ситуација. „Безбедноста на нашите војнички и војници е од примарна важност“ додава Бундесверот.

На обуката на ирачките безбедносни сили во рамките на мисијата „Capacity Building“ учествуваат околу 130 војници на Бундесверот, а мисијата засега е одобрена до крајот на 2020 година.

Претседателката на Социјалдемократска партија на Германија (SPD), Саскиа Ескан, побара „преиспитување“ на продолжува на продолжување на мисијата на Биндесверот. „Миослам мораме да го преиспитаме продолжувањето на мисијата, но тоа ќе зависи од одлукита на Обединетите нации“, изјави Ескен во разговорот за јавниот сервис Deutschlandfunk.

Пратениците од опозициските партии Зелени и Левица од самиот почетокот беа проив мисијата во Ирак, а двоумење околку продолжување на мисијата изрази и комесарот на Бундестагот за вооружените сили, Ханс –Петер Бартелс.

На прекинување на мисијата во Ирак се спротистави пратеникот од владејачката Христијанско-демократска унија (CDU) и претседател на комисијата за надворешни работи на Бундестагот, Норберт Ротген. „Оваа мисија е ваќна за Ирак доглорочно самиот да го преземе прашањето на безбедноста. Германското учество во оваа мисија е и прилог на нашата надворешнополитичка одфговорност“, заклучи Ротген.