Маж, вработен на една од скопските агенции за обезбедување, бил најдени со прострелна рана во главта во паркиран автомовил кај фудбалскиот стадион во населбата Маџари, информираше во саботата министерството за внатрешни работи.
Денеска претпладне скопската полиција добила дојава дека под трибините на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари било пронајдено починато лице.
Починатиот е идентификуван како 34-годишниот А.Ц., вработен во агенција за обезбедување МДН.
Пронајдениот има прострелна рана во пределот на главата, смртта е констатирана од страна на доктор од Итната медицинска помош. На самото место била пронајдена рамка од пиштол, празна футрола од пиштол и ранец.
Според сознанијата, сега покојниот во петокото околу 20,10 часот излегол да оди на работам кога и последен пат е виден од фамилијата.