
Информациите на МКД.мк велат дека не случајно во овој период се случуваат и средбите на висок претставник на власта со еден од главните менаџери на „Интракат“ Димитриос Кутрас, кој претходно беше директор на грчката компанија „Актор“, изведувач на автопатот Смоквица-Демир Капија.
И откако деновиве се соопшти официјалната одлука за дополнителни 7 милиони евра, се отвори прашањето зошто министерот за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев оваа зделка не ја завршиле со одлука на една од декемвриските владини седници? Зошто овој жежок костен се остави на техничката влада, заедно со опозицијата?