8.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Трипуновски: Нашиот народ од секогаш си ја почитувал историјата и религијата

Денеска заедно со охриѓани сум на празнична литургија во манастирот Св. Наум. Прекрасно место, прекрасни луѓе. Запаливме свеќа и се помоливме за здравје на сите, за подобра иднина на државата, за стабилност и обнова, напиша на Фејсбук дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

-Граѓаните се тука со една мисла сплотени. Оваа традиција трае со векови. Нашиот народ од секогаш си ја почитувал историјата и религијата, тоа се гледа и ден денес. За многу години Св. Наум! Многу здравје и среќа во Вашите домови, пишува Трипуновски.