За клиничките истражувања на лекови, месечна плата до 2.000 евра

Нивна главна задача е администрација на клиничките истражувања кој се однесуваат на анализа, ризици и ефекти на лекови и на други медицински производи.
Нивната работа е добро платена. Достигнува и до 2.000 евра месечно. Истовремено е стресна, хумана и друштвено корисна. Се занимаваат со администрација, работат во фирми кои во Србија вработуваат од тројца до сто лица, а често пати работата ја носат и дома, сепак фокусот на самата работа е здравството.

Вакви компании во Србија има околу 50. Нивна главна задача е администрација на клиничките истражувања кој се однесуваат на анализа, ризици и ефекти на лекови и на други медицински производи. Работата се сведува на многу табели, комуникација и средување на документација, а се разбира најважно е знаењето на англиски јазик.

Почетната плата е 800 евра. Можноста за напредок е доста реален. Сето тоа истовремено подразбира и поголема одговорност, пишува српски Блиц.