
Европскиот и светски првак Ливерпул објави дека од 1 јуни 2020 почнува соработката со новиот спонзор Најк кој доаѓа на местото на Њу Баланс кој го снабдуваше клубот од „Енфилд“ од 2015 година.
Според англиските медиуми, Најк ќе инкасира во касата на Ливерпул 80 милиони фунти годишно, а договорот е потпишан на пет години што значи дека „црвените“ вкупно ќе добијат 400 милиони фунти.
Тоа значи дека Ливерпул од Најк ќе добива повеќе отколку што Јунатед добива од Адидас (75 мил.евра годишно за клубот од „Олд Трафорд“).
Инаку најскапите договори ги имаат Барселона со Најк што изнесува 100 милиони фунти годишно и Реал Мадрид со Адидас со договор од 98 милиони фунти на годишно ниво. Ливерпул би бил трет на оваа листа.
Топ 5 ги заокружуваат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. „Граѓаните“ од Пума добиваат по 65 милиони фунти годишно.