Бројот на загинати во стампедото на погребот на генералот Сулејмани се зголеми на 56 лица

Најмалку 56 лица ги загубиле животите во стампедото во иранскиот град Керман на погребната поворка на влијателниот и моќен генерал Касем Сулејмани кој минатиот петок беше убиен во американски воздушен напад во ирачката престолнина Багдад, пренесува во вторникот вечерта иранската државна телевизија која додава дека уште најмалку 200 лица се повредени во инцидентот.

Претходно, началникот на националните служби за итни слуачи, Пирхосеин Куливанд, за државната телевизија изјави дека има 190 повредени во метежот, кои биле итно превезени во болниците.

Првичните аматерски видео материјали објавувани на интернет покажува безживотни тела на улиците, и растрчани луѓе како викаат обидувајќи се да им помогнат на повредените.

Иранските медиуми пренесуваат дека повеќе од милион ожалостени ги исполниле улиците на иранскиот југоисточен град Керман, родниот град на генерлот Касем Сулејмани, за да присуствуваат на погребната церемонија на човекот кој за своите сонародници е беше воен херој од ирачко-иранската војна во 1980 година со режимот на ирачкиот сунитски диктатор Садам Хусеин, а за непријателите важеше за архитект на последните години нараснатото иранско влијаени во регионот на Блискиот исток.

Поради големиот број жртви и настрадани, како што пренесе новинската агенција ISNA, погребот на Сулејмани во Керман е доложен, но повеќе поединости не беа соопштени.

Погребот во вторникот требаше да биде завршување на церемонијата на простување со влијателниот и моќен офицер, командант на специјалните сили Ал Кудс, на што му претходеа масовни поворки проследени со огромни гужви и блокади на сообраќајот по улиците на Ахваз во југозападен Иран, па Машад на североистокот, главниот град Техеран и светиот град Ком. Претходно масовни поворки имаше и во соседен Ирак, во главниот град Багдад, како и во светиот шиитски град Карбала и во другиот шиитски свет град Наџаф.

Медиумите пренесуваат дека многу почитувачи на Сулејмани од регионот кои не можеле да присустуваат на претходните проштални поворки, дошле во Керман. Според нивните оцени, непрегледната маса луѓе се движела по тесните улици што можеби е причинате за стампедото и многуте жртви.