
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Техеран и другите воени играчи да се воздржат од понатамошно ескалирање на тензиите на Блиски Исток, откако Иран нападна две бази во Ирак, каде се стационирани американски војници.
– Ги повикуваме Иран да се воздржи од какви било чекори што ќе доведат до натамошни ескалации, истакна Мас.
Тој додаде дека е во контакт со сите вмешани страни и работи на смирување на ситуацијата.