ММФ ја затвoра канцеларијата во Атина

„Во текот на следните месеци Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ја затвори канцеларијата во Атина, една деценија по придружувањето на програмата за спасување, која спречи банкрот на Грција, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тој рече дека Грција ќе ја продолжи соработката со ММФ, но како земја што излегла од рамката на строгиот надзор на ММФ.

Грција од своите партнери во еврозоната и од ММФ од 2010 година побара три пакети помош. Тоа беше неопходно затоа што државата повеќе не можеше да се задолжува на меѓународниот пазар на пари затоа што беше откриено дека со години криела клучни финансиски податоци.

Програмите за помош завршија во август 2018 година. Во периодот додека Грција примаше финансиска помош, невработеноста порасна, примањата на граѓаните повеќепати беа намалувани, а даноците зголемувани.

Атина и понатаму е под надзор на доверителите. Лани Грција предвремено отплати дел од кредитот од ММФ, а владата наведе дека преостанатиот дел ќе биде вратен на почетокот на оваа година.