Нов тип корона вирус можеби е причина за мистериозната пневмонија во Кина

Мистерозниот облик на воспаление на белите дробови дијагностициран кај речиси 60 пациенти се прошири во Вухан, еден од најголемите кинески градови, во централната провинција Хубеи, а причина за тоа био можело да биде нов сој на корона вирус, пренесуваат во четвртокот службените медиуми.

Поради овој вирус се зголемува загриженоста за здравјето на стотина милиони луѓе кои се подготвуваат за традиционалните масовни патувања во текот на празниците на кинеската нова година кон крајот на јануари. Истовремено во четвртокот, Светската здравствена организација (СЗО – WHO) се изјасни против забраната за патувања во Кина.

„Прелиминарното идентификување на новиот вирус во кус рок претставува значително достигнувања и го покажува зголемениот капацитет на Кина да управува со нови епидемии“, изјавија од СЗО.

Група експерти спровела секвенционирање на геномот на вирусот и прелиминарно заклучила дека станува збор за нов вид корона вирус, објави кинеската државна телевизија CCTV. Истиот корона вирус бил откриен кај 15 од пациентите.

Луѓето и животните може да се заразат со корона вирусот кој може да предизвика обична настинка, но и Тежок акутен респираторен синдром (SARS), како и Блискоисточен респираторен синдром (MERS).

Здравствените власти во Вухан во неделата објавија дека кај 59 пациенти бил дијагностициран мистериозниот облик на пневмонија. Седум пациенти се во критична состојба, а до средата вечерта седум пациенти биле излекувани и отпуштени од болница, пренесе CCTV.

Од СЗО ги пренесуваат извештаите на кинеските власти дека епидемиолошката истрага открика оти некои од заболените работеле на локалниот пазар на морска храна или го посетиле во декември кгоа се разболелел.

Во моментов нема јасни знаци дека болеста се пренесува од човек на човек. Забележани се симптоми како зголемена телесна температура, тешко дишење и лезија на белите дробови.

Властите на Тајван и на Филипини, како и во Хонгконг и Јужна Кореја, соопштија дека ќе воведата карантин или ќе браат симптоми кај патниците кои доаѓаат од Кина. Американската амбасада во Пекинг, пак, објави предупредување за оние кои патуваат во Вухан да ги избегнуваат контактите со животни, месо кое не е готвено и контакти со билни луѓе.