Во Австрија бесплатно ќе се дели храната на која ѝ изминува рокот

Австриските власти имаат намера да ги задолжат големите супермаркети прехранбените производи чиј рок на траење истекува но се сѐ уште употребливи, бесплатано да ги доделуваат за потребите на добротворните организации.

Ваквата мерка е предвидена во програмата за работа на новата австриска влада, којашто ја презема должноста на 7-ми јануари, а станува збор за акциски план за справување со проблемот со фрлањето големи колиечства храна.

За таа цел, владата којашто ја сочинуваат Австриската национална партија (ÖVP) на канцералот Себастијан Курц, и партијата на Зелените, има намера да ги поттикен комерцијалните компании, производителите и добротворните организации. Притоа дистрибуцијата на прехренбените производи на кои им истекува рокот ќе биде контролирана од национален координативен центар.

Австрија нема да биде првата земја која носи забрана продавниците да ја фрлаат храната чиј рок истекувам, сличен систем кој успешно функционира воспостави Франција во 2016 година.