
Претседателот на австриската покраина Тирол, Гинтер Платер на прес-конференција остро реагираше на засилените гранични контроли кои ги спрoведува Германија.
Платер таквите активности ги нарече „свински”, со обвинување дека контролите само предизвикувале метеж во сообраќајот. Тој, исто така, најави и евентуални остри мерки кон Германија, јави дописникот на МИА од Виена.
– Ова е проблем кој треба партнерски да го решиме, потенцираше Платер.