Две деца загинаа во пожар во Шутка

Две деца на возраст од три и една ипол година загинале во пожар во населбата Шуто Оризари откако избувнал пожар во една куќа.

Според првичните информации, децата биле поклопени од покривот на импровизираната куќа во којашто живееле.

Во куќата имало вкупно четири деца, но две успеале да се спасат по избувнувањето на огнот, додека, пак, врз најмалите деца се урнал покривот.

Пожарот, како што информираат од од Противпожарната единица бил пријавен околу 13.25 часот на улицата „Брсјачка буна“, во близина на пазарот во Шуто Оризари.

Според МВР, пожарот се проширил на три други куќи.