Мизрахи со сочувство по трагедијата во Шуто Оризари, вети помош за семејствата

Техничката министерка за труд и социјална политикиа Рашела Мизрахи изрази сочувство по трагедијата која денеска се случи во населбата Шуто Оризари.

-Изразувам најдлабоко жалење и сочувство до семејствата за загубата на двата млади живота. По информацијата за трагичната смрт на двете деца кои загинаа во пожар во населбата Шуто Оризари веднаш ќе излезам на терен. На семејствата ќе им биде понудена целокупна помош што е во ингеренции на Министерството за труд и социјална политика, напиша Мизрахи на Фејсбук.

Инаку, две деца загинаа во пожар во населбата Шуто Оризари откако избувнал пожар во една куќа. Пожарот за кратко се раширил и зафатил дел од околните куќи. Гореле четири од нив.

Според МВР, пожарот избувнал во куќа на улицата Брсјачка буна, по што се проширил на три други куќи. Куќата целосно изгорел, а на местото се упатени екипи за итна медицинска помош. Потврда за настрадани нема.