Наумовски залепен за микрофонот не излегува од кафеана (ВИДЕО)

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Алксандар Наумовски, во јавноста е особено на глас поради неговиот голем мерак за кафеани, каде што откако ќе се расположи со „неколку чашки“, ужива да запее и да ги забавува присутните гости.

Досега во медиумите се објавуваа повеќе снимки од градоначалникот на кој очигледно забавата покрај богата трпеза и алкохол, повеќе му лежи од неговата актуелна и одговорна функција, а неодамна во името на таквите негови редовни веселби во една од неговите омилени кафеани, граѓаните како „освестувачки“ знак, му оставија виски и микрофон пред општинската зграда.

Но, очигледно, освестувањето не му е јака страна на Наумовски. Денеска повторно излезе нова снимка, во која Наумовски видно расположен повторно е во неговата омилена улога во кафеана.

Снимката ја постави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, на неговиот фејсбук профил.

Арсовски напиша: „Градоначалникот на Ѓорче Петров на прав пат.
После настапов не знаеме дали бил на прав пат и дали право возел, ама сигурно добро си поминал.
Добар пример за посветен градоначалник во секој случај.
Јака им душа на ѓорчевци…“