
Вчера околу 13:00 часот во Скопје помеѓу железничка станица „Лисиче“ и железничка станица „Скопје“ во населбата „11-ти Октомври“ наспроти депото на Македонски железници, од страна на непознато лице каменуван бил патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес.
Причинета е материјална штета (скршено прозорско стакло), а повредени лица нема.