Опструкции од сите страни – Техничките министри немаат ни канцеларии

Во техничка влада интриги, сплетки, и кавги наместо соработка, колегијалност и конструктивност. Па неминовно се поставува прашањето може ли функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во Владата да бидат ефикасни ако се соочуваат со опструкции?

Работата е отидена дотаму што дополнителниот заменик-министер во Министерството за земјоделство Цветан Трипуновски, нема простории за да си ја извршува функцијата. Тој вели дека откако стапил на функција не добил канцеларија, објави Алфа.

Техничките министри и заменици од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека се соочени и со проблеми за формирање на свои тимови.

Исти проблеми има и во кабинетите на другите дополнителните заменички. Поради опструкции при преземање на вработени од минитерствата и министерката Рашела Мизрахи која застана на чело на Министерството за труд и социјална политика не може да екипира свој тим.

Заменичката во институцијата за финансии неодамна искочи со тврдења дека ниту еден од вработените не ги слуша нејзините барања и насоки поради наредба од министерката Нина Ангеловска.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, наиде на низа реакции откако побара да се вратат триесетина службени возила, кои, како што тврди, дента кога Оливер Спасовски бил избран за премиер, биле распределени.

Останува да виси клучното прашање „Колку техничките министри и заменици во Владата можат да бидат ефикасни ако им се прават опстукции, а и зошто се поставуваат „технички“ ако реално не можат да го оправдаат своето делување, да бидат коректив на власта до изборите?