-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Мизрахи: Ги охрабрувам оние врз кои е вршено мобинг да се обратат до МТСП

Ги охрабрувам сите оние, врз кои им е вршено мобинг на своите работни места да се обратат до Министерството за труд и социјална политика и останатите надлежни институции, директно ќе се вклучам во случаите и се што е во моја надлежност, ќе се потрудам да помогнам, порачува новата министерка за за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

-Доста е! Ги охрабрувам сите оние, врз кои им е вршено мобинг на своите работни места да се обратат до Министерството за труд и социјална политика и останатите надлежни институции, пишува на Фејсбук министерката Рашела Мизрахи.

-Директно ќе се вклучам во случаите и се што е во моја надлежност, ќе се потрудам да помогнам. Таков е и случајот со овие две жени, мајки, сопруги, нечии сестри. Заедно со правниот тим ја разгледавме документацијата и едноставно немам зборови.. жално, нехумано и надвор од секаква човечност, заклучува Мизрахи.