Шест лица повредени, меѓу нив и дете, во сообраќајка кај Студеничани

Вчера, во 7.40 часот во атар на село Студеничани, во близина на гробиштата, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б. (38) од с.Морани-Скопје, и патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (21) од с.Студеничани.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од с.Студеничани.

Со повреди се здобиле и другиот сопатникот во „голф“ А.А. (45) од с.Студеничани, како и возачот на ,,мерцедес“ М.Н. и неговите сопатници О.Н. (22) и Н.Н. (7), и двајцата од с.Студеничани.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје, информираат од МВР.