Лани од БиХ во Германија се отселиле 60.000 лица

Околу 60.000 работоспособни граѓани од Босна и Херцеговина се отселиле од државата лани. Од 2013 година си заминале повеќе од 200.000 луѓе, покажуваат податоците на невладините орагнизации во БиХ.

Според статистичките податоци кои ги објави Невладината Унија за одржливо враќање во БиХ, само во Германија годишно се иселуваат околу 20.000 луѓе. Во Словенија, Словачка, Чешка и Хрватска уште толку, а 15.000 одат преку процес на сврзување со семејството. Оваа пресметка, говори дека годишно околу 55.000 Босанци ја напуштаат БиХ.