
Пред околу еден час почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир којшто утринава се случи на автопатот Велес- Скопје.
Жената по несреќата беше во кома поради тешки повреди на главата. Повредени се две други лица кои се пренесени во велешката болница.
Сообраќајот на автопатот неколку часа беше затворен, а според првичните информации, причини за сообраќајката е густата магла и голомразица на мостот каде се случила несреќата.
По несреќата, во велешката болница беа примени татко и десетгодишна ќерка од Кавадарци кои имаа полесни телесни повреди и нагмечувања по телото, а во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, беше жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје. Таа беше во примена во Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје, во кома.