
„За Преспанскиот договор работевте, ама требаше да се тераат и други работи. Кажете ми една изградена болница, кажете ми една инвестиција во едно училиште има само едно во Скопје, јас барав, не дозволи министерството и најдовме од донации, рече Арбен Таравари од Алијансата за Албанците на дебатата на телевизија 24.
Според него, нема ниту една инвестиција во опозициска општина.
-Во Гостивар не доаѓа никој од Владата. На општината каде сум градоначалник на пример, Гостивар, на владата и текнуваше само кога земаше ингеренции, посочи Таравари.
Говорејќи за претстојните избори и евентуални коалиции, Таравари рече: „Ние не избираме коалициски партнер кој ќе победи со тој ќе разговараме, се разбира треба да се погодиме и по програма“.