
Четири лица меѓу кои две деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Велес – Извор, после крстосницата за с.Г.Оризари.
До несреќата дошло откако „БМВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од И.З.(30) од с.Г.Врановци, општина Чашка, излетало од коловозот.
-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.З. и сопатничката З.З.(52) од с.Г.Јаболчиште, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници на возраст од 12 и 14 години, по што биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.