
Ракометните репрезентации на Словенија и Норвешка остварија победи во првите натпревари од групата 2 од втората фаза од Европското првенство, кои беа одиграни во петокот во Малме каде Словенците со 30:27 (15:14) ги надиграа Исланѓаните, а Норвежаните со 36:29 (20:12) беа подобри од Унгарците.
Словенците до победата ги водеше распположениот Деан Бомбач со девет погодоци и дури десет асистенции, а голманот Клеме Ферлин собра 15 одбрани, Најдобар стрелец кај Исланд беше Бјарки Елисон со шест голови.
Норвежаните уште по првото полувреме имаа огромна предност против Унгарија, а во второт само ја одржуваа предноста. Најдобар стрелец кај Норвешка бешпе Сандер Сагосен со седум а го следеше Гоеран Јохансен со шест голови. Кај Унгарија со по пет голови предничеа Бенце Наѓи и Патрик Лигетвари.
Португалија продолжува да биде најпријатното изненадување на континенталниот шампионат, откако во последниот дуел од оваа група ја декласираше шведската селекција со 35:25 (15:12) и остана во игра за полуфиналето. Шведска, која е еден од домаќините на турнирот, веројатно со овој пораз се прости од амбициите да ја мине и оваа група.
Португалците на полувремето имаа три гола разлика, и таа предност ја оддржуваа до резултатот 20:17. Тогаш направија сероја од 4:0 и го решија прашањето на победникот. Соуса, Магаљаеш и Ферраз ги предводеа Португалците со по шест голови.
Словенија и Норвешка во втората фаза пренесоа два бода од првата, па со овие победи се промовираа го главните фаворити за пласман во полуфиналето сега со по четири бодови. Португалија ја претвори негативната гол-разлика во позитива и е трета со два бода, колку што има и Унгарија но со гол „минус“. Шведска и Исланд се без бодови.
Во второто коло кое се игра во недела Портуалија се среќава со Исланд, Словенија игра против Унгарија, а денот завршува со уште една регионална пресметка, овојпат скандинаваска меѓу Норвешка и Шведска.