
Светски познатиот пијанист Симон Трпчески деновиве по пауза од 11 години повторно сакаше да настапи во Штип. Но, концертот што го започна и требал да се одржи во Домот на културата „Ацо Шопов“, клавирскиот виртуоз бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало постојани проблеми и со струјата.
Медиуми коментираа дека, општината која троши илјадници евра за штипската „Пастрмајлијада“ не најде начин да ја затопли салата на Домот на културата и да му овозможи елементарни услови за настап на нашиот светски познат и признат музички уметник.
Така, наместо ноќ за паметење и уживање во неговите дела, од неговиот настап ќе остане запаметено дека во салата немало парно греење во јануари месец како и други неопходни работи за нормално одржување на концерт. Поради тоа, Трпчески одржа брилијантна лекција пред публиката, со која во 5 минути целосно ја долови ситуацијата со културата и со културните установи во Македонија.
https://www.facebook.com/mkvesti.mk/videos/180581046334211/