
„Нема затоплување”, “светлото не работи”, „крцкаат столчињата”. Атмосфера слична на Узбекистан, но не е таму, туку овде, во Европа, среде Балканот, во Република Македонија, во Штип, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на својот фејсбук профил.
„Во вакви услови настапуваше виртуозот Симон Трпчески. Мачна атмосфера, незаслужен однос на државата кон најдоброто од Македонија. И пред некој да помисли дека сакам некој да се амнестира од одговорност, ќе напоменам дека за ова се “заслужни” сите влади во овие речиси 29 години независност. Не е тоа односот кои го заслужуваат најдобрите уметници. А, особено не таков однос од оние кои три години владеат со лаги, измами и криминал. Па, нели блескавме, а во незатоплената сала, во тој запуштен крш, единствено што блескаше беше талентот на Трпчески. Несфатливо е како може владата да одвои 2 милиони евра за икебани и цвеќиња, а не може да одвои 200 илјади евра за затоплување на салата во текот на зимата. Барем да “бркнеа” во тоа милионите од Луи Витон куферите и да издвоеа за подобри услови за уметниците. Ама пустото, кога им лепи раката … тоа е. Затоа, можеме да ги смениме работите со тоа што ќе ја смениме оваа власт. А, одговорноста доаѓа на 12 април. Заев никогаш повторно! Напиша на фејсбук Јанушев.