
Шест луѓе се повредени во експлозија на автомобил бомба северозападно од сомалиската престолнина Могадишу.
Мета на нападот биле група турски инженери, кои помагаат во изградбата на патишта во Сомалија, соопшти полицијата.
Иако нема извештаи за евентуални жртви или повредени, амбасадата на Турција потврдила де нејзини државјани се повредени во експлозија, како и дека се згрижени во болница.
„За сега знаеме дека тројца турски инженери се повредени, како и нивниот преведувач. Исто така во експлозијата се повредени двајца сомалиски полицајци“, стои во соопштението од туската амбасада во Могаши, пренесе „Ројтерс“.
Полицијата навела дека бомбаш самоубиец со автомобил налетал на местото каде што турските инженери и сомалиските полицајци ручале.
Не е познато кој го извел нападот.