ОВЕН
Работa: Во текот на денешниот ден мора сами да ги решавате проблемите, нема да имате многу помош.
– текстот продолжува по рекламата –
Љубов: Денешниот ден е поволен за почеток на врска, особено ако имате симпатија.
Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.
БИК
Работа: Сте успеале да ги остварите своите планови на ова поле, па денешниот ден ви тече мирно.
Љубов: Се чувствувате подготвени за нова љубова, која во животот ќе ви внесе многу елан и оптимизам.
Здравје: Мала вкочанетост во грбот.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Периодот кој ви доаѓа може да донесе добри пресврти на полето работа, иако сега можеби не ги очекувате.
Љубов: Денеска ќе и покажете на саканата личност дека со неа планирате важни промени во иднина.
Здравје: Одлична ситуација.
РАК
Работа: Денеска се чувствувате немоќно да ги смените работите кои ви сметаат, што негативно влијае на вашата работна мотивација.
Љубов: Задоволни сте од односот кој со саканата личност го уживате кога сте заедно.
Здравје: Проблеми со крвната слика.
ЛАВ
Работа: Очекувајте мирен ден на ова поле и без поголем стрес ќе ги работите вашите задачи.
Љубов: Денот пред вас ќе биде исполнет со љубов и убави моменти со личноста која ви значи.
Здравје: Без проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Размислувате за нова работа, но не сте сигурни дали токму денеска би требало да се впуштите во почнување на нови случувања.
Љубов: Ќе водите важен разговор со вашиот партнер. Ова е вистински момент на одлука.
Здравје: Внимавајте што јадете.
ВАГА
Работа: На обврските се посветувате без никаква заддшка, вредни сте и мотивирани за својата работа максимално денеска.
Љубов: Во периодот кој доаѓа ќе успеете да остварите подобра комуникација со брачниот партнер.
Здравје: Главоболка.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве очекува ден во кој ќе имате голем број обврски, но нема да ви биде лесно да се организирате за се на време да завршите.
Љубов: Размислувате повеќе околу тоа како партнерот се чувствува и ќе ги разберете неговите ставови.
Здравје: Проверете ја ситуацијата со хормоните.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Вашите очекувања од работната ситуација во која се наоѓате, не се во склад со она што е реално.
Љубов: Не сакате да го расипете односот со саканата личност, па подготвени сте некои работи во себе да ги чувате.
Здравје: Вртоглавица.
ЈАРЕЦ
Работа: Работното опкружување би можело да ви покаже непријателски став кон вас. Ве очекуваат напнати ситуации.
Љубов: Вашиот однос со личноста која ви значи, може да тргне во подобар правец.
Здравје: Добро се чувствувате.
ВОДОЛИЈА
Работа: Пречките кои денеска ви се јавуваат ќе ве оптоваруваат некое долго време. Многу работи ве оптоваруваат на ова поле.
Љубов: Вашата самодоверба е во минус фаза и затоа сега не сте подготовени за нови освојувања на љубовното поле.
Здравје: Добро.
РИБИ
Работа: Можно е да имате некои мали конфликти на полето работа во следниот период.
Љубов: Во односот со партнерот нагласена е тврдоглавост која ве кочи при донесување на важни одлуки.
Здравје: Хронични проблеми.