
Во првиот дуел од 20-то коло на шпанското фудбалско првенство, во дербито на две екипи од мадридските предградија, Хетафе со 3:0 славеше на гостувањето кај Леганес.
Уругваецот Леандро Кабрера во 12 минута ги донесе гостите во водство, водството го удвои Камерунецот Алан Ниом во 21 минута, а веќе во 33 минута конечниот резултат го постави Хаиме Мата. Домашните мечот го завршија со десет ограчи, бидејќи во 90 минута беше исклучен Рубен Перез поради туркање на противнички играч без топка.
Хетафе со 33 бода привремено е на петтото место, а Леганес остана претпоследен на 19-то место со само 14 бодови, три повеќе од последниот Еспањол, а еден бод помалку од местото кое дава опстанок во Примера.
Водечката Барселона и второпласираниот Реал Мадрид имаат по 40 бодови, а ги следат Атлетико Мадрид и Севрилја со по 35 бодови.
Во сабота на програмата се четири натпревари: Леванте – Алавес, Реал Мадрид – Севилја, Осасуна – Вајадолид и Еибар – Атлетико Мадрид.
Во недела се играат дуелите: Мајорка – Валенсија, Бетис – Реал С,, Вилјареал – Еспањол, Атлетик Билбао – Селта и Барселона – Гранада.