Од понеделник ВМРО-ДПМНЕ започнува со кампања „Обновата ПРЕД ВАШ ДОМ“ (видео)

„Од понеделник, 20 јануари почнуваме со кампања ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”. Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат вашите домови, ќе ги посетиме сите населени места, села и градови. Ќе разговараме со секој еден од Вас. Ние сме едни од вас и заедно со вас ќе ја поразиме оваа штетна власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април да дадеме отчет за сработеното, за мерките кои сме ги направиле и ќе ги направиме. Вие граѓаните сте причината за која работиме, и заедно ќе создадеме иднина.
Заедно да ставиме крај на поразите, измамите и криминалите.
Заедно да се избориме за подобро утре и шанса која и треба на Македонија.
Обновата пред Вашиот дом, за вас и за Македонија!“, соопштија од ВМРО ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/1269542183237045/