
Судот во Тирана почна постапка за екстрадиција на турски државјанин во Франција, кој е осуден на 30 години затвор поради трговија со хероин.
Станува збор за Фарук Бајбесин, кој е познат како „европскиот Ескобар“. Тој во Франција е осуден во отсуство поради илегална трговија со хероин во Европа.
Бајбесин беше приведен на меѓународниот аеродром во Тирана, на 24 декември минатата година. Судот му одреди мерка притвор, а по добивањето на барањето од француските власти почната е постапката за екстрадиција.
Според полицијата, 53-годишниот Бајбесин од недозволената трговија со хероин остварил милионски приходи.