
Поранешниот шеф на Мисијата на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, имаше средба со претседателот на Косово, Хашим Тачи. По средбата, Вокер повика на формирање на владата во Косово.
– Вие сте во многу интересна политичка ситуација, сакам да видам во каква ситуација сте, кој победува и кој губи. Мислам дека Косово има потреба од формирање на влада, сте изгубиле неколку дена и верувам дека нема да помине многу време за да се формира владата – изјави Вокер.
Амбасадорот Вокер изјави дека е горд на тоа што е направено во Косово, додавајќи дека имало работи кои можело да се направат подобро.
– Сум доаѓал во Косово колку што сум можел. Понекогаш учам нови работи за земјата, сум видел како се расте во овие 20 години, и горд сум на тоа што се случувало овде. Сум критикувал за работитте кои можеле да одат подобро, но сум горд на тоа што е сега Република Косово – додаде Вокер.