
Најмалку 70 јеменски војници загинаа вчера откако бунтовниците Хути нападнаа во камп за обука во Мариб, околу 170 километри источно од Сана, соопштија денеска лекарски и воени извори.
Нападот врз кампот за обука во Мариб, во истоимената провинција е извршен со беспилотно летало.
Борбите во Јемен траат речиси пет години, откако Хутите, кои имаат поддршка од Иран, ја соборија владата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади и го зазедоа главниот град Сана и северниот дел од Јемен. Додека во 2015 година интервенираше коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се обидува да ја врати на власт владата на Хади.
Според податоци на Обединети нации, поради судирите во Јемен околу 3,3 милиони луѓе се раселени, а 24,1 милиони лица односно на две-третини од населението им е потребна хуманитарна помош.