
Четири лица со компликации од грип, од кои едно во тешка здравствена состојба и осум други кои имаат симптоми на вирусот, се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести. Меѓу заболените нема деца, информира МИА.
Посочуваат дека пациентот во тешка здравствена состојба со грип и со хронична белодробна болест е примен вчера и е сместен на Одделот за интензивна нега.
Минатата недела амбулантски се прегледани 30 пациенти. Вчера и денеска четворица пациенти се прегледани во амбуланта, наведуваат од Клиниката.