Брз, вкусен Зебра колач

Состојки:

4 јајца
100 грама маргарин
100 грама шеќер
100 мл јогурт
2 лажици какао
150 гр брашно
1/2 прашок за печиво

Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот. Додајте ги брашното, јогуртот, растопениот маргарин и прашокот за пециво и добро измешајте. Тестото поделете го на два дела. Во едниот дел додадете го какаото и добро измешајте.

Одоздола ставете од светлото тесто, преку него темно тесто и така редете сè додека не ви се потроши тестото.

Колачот се пече 30 минути на 200 степени Целзиусови. Кога ќе се олади се сече на коцки.