
„Мора да ги јакнеме капацитетите и лабораториите како можност за испитување на сé она што влегува во државата и сите заеднички да направиме сé за да ја подобриме животната средина“, изјави техничкиот премиер Спасовски, при посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” .
Тој додад едека нема штетен отпад што се увезува во државата, а она што се случува во Бугарија одблизу се следи.
„Излегуваат многу информации. Апелирам да ги проверуваме, посебно кога се работи за сензитивна материја како оваа, за живтоната средина“, рече тој.
Одговорајќи на новинарски прашања Спасовски напомена дека и Јавното обвинителство покренало постапка за испитување на наводите во јавноста за наводно увезување штетен отпад во земјава.
„Од Министерството за животна средина и просторно планирање имаме информација дека увезувањето на отпадот е оној што е дозволен и за кој се поседуваат одредени сертификати, дека нема штетен отпад што се увезува во државата. Добро е што Град Скопје презема чекори за средување на состојбите. Институциите тоа мора да го следат3, рече Спасовски.