Ефтимов: СДСМ и Заев не исполнија ниту едно ветување за југоисточниот регион

Дејанчо Ефтимов, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утрешното гостување на телевизија Алфа зборуваше за економскиот развој во југоисточниот период кој ја вклучува и Струмица и посочи дека порано овој регион бил препознатлив по економскиот развој и како стопански центар се движел во позитивна насока. Имено тој истакна дека последните неколку години ситуација е сменета и го кажа следното:

-Со последните случувања и во последните неколку години стопанството е клекнато на нозе. Основната гранка со која се занимаваат граѓаните во овој регион односно земјоделието е клекнато на нозе. Младите се помалку гледаат иднина во овој регион. Граѓаните имаа доста големи очекувања кои што ги креираше актуелната власт на чело со претходниот премиер Зоран Заев и овој регион очекуваше многу повеќе од самата структура која е доведена под знак прашалник зошто истата од локална мигрираше во централна власт на високо платени позиции и високи одговорни функции во самата држава. Меѓутоа фидбек не добивме ништо како регион. Нема никаков развој, нема никаква инвестиција ниту на централно, ниту на локална ниво. Истите секогаш се поткрепуваат со одредени проекти кои биле започнати, а сега се завршуваат.

Ефтимов во своето гостување потенцираше дека во југоисточниот регион се живее како во целата држава и дека граѓаните се многу разочарани.

-Власта на СДСМ во овој регион е сконцентрирано на тесно партиски интереси на лоби групи, од градежништвото преку синонимот за црквaта-евро за црквата, евро за Заев. Синоним за Ново Село е претходниот градоначалник Боро Стојчев. Каков пример им се два на младите кои што планирале овде да градат иднина, па затоа сегa истите ја гледаат иднината надвор од земјата, додаде Ефтимов