
НАТО и Турција сѐ уште не се договорија за напредните руски протввоздушни ракетни системи С-400 кои Анкара ги набави по несупешните повќегодишни обиди да се договори со западните сојузни а со што ги разлути САД и предизвика непријатност во воениот пакт, изјави во швајцарски Давос генераниот секретар на Северноатлатнската алијанса, Јенс Столтенберг,.
„Досега нема договор. Ќе преземеме сѐ што е во нашите можности за да го решиме тоа прашање кое неоспорно претставвуа проблем во алијансата“, изјави Столтенберг на Светскиот економски форум во Давос на панелот на кој учствуваше и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија, од своја страна, го бранеше договорот за набавка за рускиот одбранбен систем, за кој САД предупредуваат дека претставува опасност за воздухопловните сили на Алијанската бидејќи е некомпатибилен со западните воени системи.
„Мислиме дека не е некомпатибилен со системот на НАТО. Станува збор за одбранбен систем и не претставува никаква закана за сојузниците“ во Алијансата“, додаде Чавушолги и уште еднаш предложи основање работна група за решавање на проблемот.
Купувањето на ракетниот систем С-400, кој се смета за врвен производ на руската воена индустрија и водечки во светот и поради цената, стана предмет на остро спротиставување меѓу САД и Турција.