
Фудбалерите на Ливерпул незадржливо напредуваат кој долгоочекуваната тутула шампион на Англија, откако во четврток славеа на гости кај Вилверхемпотојн со 2:1, доаѓајќи до 14-та последователна првенствена победа, или 40-ти меч без првенствен пораз во низа.
Ливерпул поведе веќе во 8 минута преку Џордн Хендерсон, а за Вулверхемптон израмни Раул Хименес во 51 минута. Новат радост на „Редси“ ја донесе Роберто Фирмињо во 84 минута.
Вулверхемптон, кој на лидерот му прижи силен и достоен отпор, остана на седмата позиција на табелата со 34 бодови.
Ливерпул дојде до 14-та последователна сезонска победа во првенството во кое има само едно реми, 22 победи и ја нема сѐ уште почувствувано горчината на поразот.
Ливерпул е на чело на табелата со 67 бодови, 16 повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и 19 повеќе од Лестер, кои имаат и натпревар повеќе.