
Вечерва Кавадарци е најзагаден град во земјава со 494 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека зад него е Струмица со 332.
Во Скопје најзагадена општина вечерва е скопско Лисиче со 322 ПМ 10 честички на метар кубен, додека потоа следуваат Гази Баба со 215 и Ректорат со 202 ПМ 10 честички на метар кубен.
Загадени се и Велес, Тетово, Куманово и Кичево.
инаку пред неколку дена градоначалникот Шилегов најави и дека на крајот на зимото ќе доделува и субвенции за купување на инвертор клими, што за многумина е парадоксално среде месец јануари на овој начин да се мотивираат граѓаните кога грејната сезона е во полн ек и речиси на крајот.